Хабиб: Желбите на татко ми беа нешто свето за мене

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија, Хабиб Нурмагомедов (29-0) зборуваше зошто не престанал да се занимава со спорт во младоста.

Нурмагомедов тренирал под строга контрола на неговиот татко. Абдулманап Нурмагомедов е во срцето на големиот успех што го постигна „Орелот“. За жал, Абдулманап почина во 2020 година, а Хабиб ја загуби мотивацијата да ја продолжи кариерата.

Во истата година Хабиб се повлече од ММА и вети дека никогаш повеќе нема да се бори. Хабиб изјави дека не престанал да тренира затоа што сакал неговиот татко, а желбите на Абдулманап биле нешто свето за Хабиб.

Ѕвездата од Дагестан се повлече од ММА со скор 29-0 и со златни букви го запиша своето име во историјата.

„Во 2010 година имав 22 години и верував дека не припаѓам на себе. Татко ми носеше одлуки и секако мајка ми. Отсекогаш мислев дека мајка ми ме поддржува, но излезе дека таа секогаш беше застанаувала зад татко ми.

Таа ми кажуваше едно, но секогаш го поддржуваше татко ми. Татко ми сакаше да тренирам и јас го направив тоа. Затоа што за мене неговата желба е света работа“, изјави Нурмагомедов во интервју за Горила фајтинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО