Чисора славеше со прекин против Прајс (ВИДЕО)

Дерек Чисора (32-9, 23 КО) го победи Дејвид Прајс (25-7, 20 КО) во лондонската О2 арена.

35-годишниот лондонец со потекло од Зимбабве го доведе Прајс во неволја на крајот од третата рунда, а откако го собори освојувачот на олимпискиот бронзен медал во 2008 година со кратко кроше во четвртата рунда, од неговиот агол излета крпата.

Прајс сите седум порази во кариерата ги претрпе со нокаут /прекин, а во мечот со Чисора влезе како замена за поранешниот шампион во тешка категорија Џозеф Паркер кој ја откажа борбата поради каснување од пајак.

https://www.youtube.com/watch?v=95tno01RFzQ
https://www.youtube.com/watch?v=a_PVG7qXCTc
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО