Лима издоминира против Мек Доналд во борбата за милион долари (ВИДЕО)

Даглас Лима (32-7) во Анкасвил го освои Гран-прито, еден милион долари, ја врати шампионската титула и му се реваншира на Рори Мек Доналд (21-6-1).

31-годишниот Бразилец во финалето за Големата награда на Белатор во велтер доминираше во борбата против поранешниот борец на УФЦ, кој безуспешно се обиде да се потпре на уривање и граплинги со тоа по трет пат да стане шампион до 77 килограми.

За победата заработи еден милион долари.

Лима го совлада Андреј Корешков во четвртфиналето на турнирот со гушење во петата рунда против кого прв пат го загуби појасот во 2015 година. Во полуфиналето во втората рунда го нокаутира Мајкл Пејџ.

Бразилецот втор пат ја загуби титулата на Белатор во јануари минатата година кога Мек Доналд го порази со едногласна одлука.

Во другите мечеви Пол Дејли (42-17-2) во втората рунда ја нокаутираше замената Саад Асвад (23-13).

На настанот на Белатор требаше да дебитира поранешниот шампион на глори Робин ван Росмален (2-0 ММА), но на мерењето за борбата во перолесна категорија со Крис Ленчиони беше потежок за 4 килограми, па борбата беше откажана.

https://www.youtube.com/watch?v=27XH1_fRPYw
https://www.facebook.com/BellatorMMA/videos/2503483519886277/
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО