Чисора се согласи да се бори против Паркер (ФОТО)

Дерек Чисора го прифати предизвикот на Џозеф Паркер и е подготвен да се ретне со него.

Пред неколку дена, менаџерот на Новозеланѓанецот изјави дека не се откажал од идејата да се бори со Чисора, откако мечот меѓу нив пропадна во 2019 година. Паркер треба да се сретне со Џозеф Фа, но потоа, подоцна во 2021 година сака да боксира со Британецот.

На Чисора не му требаше втора покана и сподели објава од Дејвид Хеј, во која се гледа колаж од постер за мечот со Новозеланѓанецот под мотото „Незавршен бизнис“.

„Секогаш подготвен за битка, 2021 година, ќе има војна“, му напиша Хеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО