Бадр Хари посака нов меч со Рико Верховен

Љубителите на боречките вештини сонувата за трет меч меѓу Бадр Хари и Рико Верховен, а тоа е можно да се случи.

Во претходните два, славниот шампион во тешка категорија победи откако го повреди противникот, задржувајќи ја титулата. Сепак, неодамна Верховен изјави дека со Хари не е завршена работата и не ја исклучува можноста да се сретнат по трет пат.

Сега Бадр потврди дека сака да се реализира трилогијата, оставајќи сè во рацете на Глори.

„Тие треба да одлучат, а јас сум подготвен. Секако дека го посакувам овој меч. Претпоставувам дека ќе биде можно кога навивачите ќе бидат пуштени назад во салите. Штом сè повторно е нормално, средбата може да се реализира“, рече Бадр Хари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО