Чисора: Пулев ќе ја дознае реалноста, не го очекува ништо друго освен нокаут

Cisora so marama preku usta

Дерек Чисора упати еден куп навреди на бугарскиот боксер Кубрат Пулев, со кого ќе се бори на 7 мај. Британецот објави дека Бугаринот не вреди ништо и дека сигурно ќе го нокаутира во Хамбург.

Чисора (32 г.) демонстрира дека нема ниту почит, ниту страв од противникот, со кого всушност се соиграчи во „Зауерланд“.

 „Пулев има победено боксери кои не стануваат и се за отпад. А, пак, Владимир Кличко го претепа, само затоа што не знае да се бори“, изјави Чисорасе пренесува „24 Часа“.

Тој е убеден дека единствено Тони Томпсон му бил на некое ниво од ривали, против кого ја забележа 22 победа.

„Јас имам средби со Тајсон Фјури, Дејвид Хеј, Виталиј Кличко. За што зборуваме воопшто? На 7 мај Пулев ќе ја дознае реалноста, а таа е дека не го очекува ништо друго освен нокаут“, категоричен е Чисора за британските медиуми.

Тој потврди дека се наоѓа во одлична форма и дека со нетрпение го очекува мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО