Чисора: Додека го чекам Усик би можел да одработам ММА меч во Белатор

Додека ја чека борбата со Александр Усик, Дерек Чисора би можел да одработи ММА меч за Белатор.

Чисора требаше да се бори со Украинецот овој месец во Лондон, но настанот е одложено поради ситуацијата со коронавирусот, а сè уште не е познат новиот датум.

Борбата, која исто така ја организира Мечрум боксинг, меѓу Дилиен Вајт и Александар Поветкин, ќе се одржи во седиштето на организацијата во Есекс, но промоторот Еди Херн изјави дека истото сценарио е непрофитабилно за дуелот Чисора-Усик.

„Чекаме да заврши карантинот за да видиме колку луѓе можеме да донесеме во О2 арената“, рече Чисора за ПА.

„Мислам дека на оваа борба им се потребни навивачи. На некои борби не им требаат, но луѓето треба да уживаат во оваа. Ако чекањето трае премногу долго, можам да скокнам во Белатор. Чекаме да го дознаеме датумот за Усик, но ако треба да чекаме предолго, веднаш можам да скокнам во Белатор“.

Усик е задолжителен предизвикувач на шампионот во ВБО, Ентони Џошуа. Доколку Чисора победи, би можело да има нова борба за светската титула во тешка категорија.

„Тоа би било голема борба. Двајца локални момци од северен Лондон. Ако се случи, но сега сум фокусиран само на Усик, фокусиран сум на левицата и се подготвувам за него“.

„ЕЏ мора да се бори со Кубрат Пулев. Сите имаме различни патишта, но никогаш не знаете што може да се случи“.

Во последната борба минатиот октомври, Чисора го победи во четвртата рунда Дејвид Прајс.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО