Џошуа: Не би влегол во ринг со Тајсон, тој е легенда и сите….

Ентони Џошуа си го врати појасот во реваншот со Мексиканецот Енди Руиз и успеа да се рехабилитира од неверојатниот шок кој ја потресе цела боксерска јавност, но во исчекување на толку посакуваниот и фамозен дуел со Тајсон Фјури, Британецот одлучи да говори за многу попознатиот Тајсон.

Боксерскиот шампион од Вотфорд има навистина големо мислење за „челичниот“ Мајк Тајсон, легендарниот Американец кој во последно време стана вистински хит меѓу фановите, особено поради фактот што доста често објавува видеа преку кои најавува враќање на сцената.

Ентони признава дека не сака да се најде во рингот со Тајсон, кој искрено тој го смета за најдобар боксер во модерната ера.

„Со цела максимална почит, јас не би се соочил со Мајк Тајсон. Дури и ако се борам и го победам, мислам дека само тој ќе биде поддржуван. Сите фанови ќе ме исврикуваат, бидејќи Мајк е легенда, тој е најдобриот боксер во модерната ера“, вели Џошуа за „Сан“.

„Има само два шампиони кои светот добро ги познава. Мухамед Али и Мајк Тајсон. Тие се двете лица кои се најпознати и двете лица кои најмногу се почитувани во боксот. Мајк Тајсон е олицетворение на машина за убивање. Ги удира боксерските фокусери само 15 секунди и цел свет полудува по тоа“, додава Џошуа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО