Чимаев: Го сакам овој спорт (ФОТО)

Хамзат Чимаев продолжува да се подготвува за враќањето во октагонот. Ѕвездата во подем на УФЦ, која тренира во градот Гудермес, Чеченија, под водство на Мурад Бичуев, уште еднаш, преку објава на социјалните мрежи, докажа дека нема намера да се откаже.

Чимаев досега не загубил во професионалната ММА кариера, бидејќи победи на 9 борби од 9 средби, сите со завршница (6 со нокаут и 3 со принуда).

„Ја сакам оваа игра (спорт, ММА)“, напиша Волф на својот Инстаграм профил.

26-годишниот борец, кој е 15-ти на ранг-листата на УФЦ во полусредна категорија, требаше да се соочи со Леон Едвардс (број 3), но судирот меѓу нив не успеа, затоа што што чеченскиот борец сè уште не имаше опоравено од коронавирусот.

Ова беше трето одложување или откажување на судирот Чимаев-Едвардс.

Борбата во средна категорија беше закажана за декември, но Едвардс беше позитивен на коронавирус и беше принуден да се повлече. УФЦ тогаш го закажа мечот за јануари, но тогаш Чимаев го фати КОВИД-19 и натпреварот повторно пропадна.

Чимаев планира да се врати во октагонот во август со борба против Американецот Нил Магни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО