Четврта година по ред Конор Мек Грегор меѓу најплатените спортисти

Конор Мек Грегор направи само една борба минатата година, но тоа беше доволно за да му донесе голем приход. Поранешниот двоен шампион повторно наоѓа место во листата на „Форбс“ на најплатените спортисти за 2019 година, а „Озлогласениот“ го зазема 21-вото место. Според нивните информации, Мек Грегор направил околу 47 милиони долари во текот на изминатите една година.

На оваа листа Сол Алварез Канело е во првите 10.

Од овие пари 32 милиони се од мечот со Хабиб Нурмагомедов кој го загуби, а 15 се од други зделки. Битката меѓу него и Хбаиб продаде 2,4 милиони платени гледања, од кои Мгегор доби по поволен процент. Конор потпиша нов договор со Рибок, кој му носи 5 милиони долари годишно. Ова е 4-тата последователна година во која Мек Гргеор се наоѓа меѓу најплатените спортисти, а минатата година беше во топ 5 на оваа листа, откако заработи големите пари на средбата со Флојд Мејведер, која исто така ја загуби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО