Стефан Спасовски: Кикбоксот е мојата прва љубов, а поканата на Даниел Стефановски не се одбива!

Стефан Спасовски во сабота (15 јуни) се враќа на својот базичен спорт – кикбоксот и ќе настапи на Гладијаторс најт во Цирих – Швајцарија, настан на кој Даниел Стефановски јуриша на третата светска титула во К-1 на професионалниот ринг против Јану да Круз.

Прилика кумановскиот тандем да извојува двојна победа.

Спасовски, кој заплива во ММА водите, направи подолга пауза од настапите. Дали тоа ќе влијае на неговата изведба ќе дознаеме во сабота.

„Бев долго време отсутен од ММА борбите поради селење од држава во држава и проблеми во својата држава. Не сакам да навлегувам премногу во тоа. Како и да е, се вратив со доста подобрен стенд-ап, како и со подобро борење. Моментално сум во Дортмунд, каде што тренирам во „Фајтологс“.

Интерсно е што Спасовки во иста вечер настапува со неговиот сограѓанин Даниел Стефановски. Дали е случајно и проработи кумановската врска? За противникот и очекувањат од оваа борба, Стефан ќе рече:

„Кик боксот е мојата прва љубов и во меѓувреме добив покана од Даниел Стефановски за да се борам на настанот на кој тој се бори за трета светска титула. И, не можев да одбијам. Овој пат се борам над мојата категорија до 70 кг и со малку поискусен Курд. Му ги гледав борбите и подоготвив „борбен-план“. Ќе дадам се од себе да издоминирам и покажам што се собрало во мене овие години додека бев отсутен“.

Спаовски претходно најавуваше големи ММА планови, но дојде паузата. Сигурно дека враќањето на борбите и учеството на семинарот на легендарниот Кро Кап во Дортмунд нема да бидат залудни.

„Како што реков цел живот се занимавам со ова, но кај нас немав доволно услови за да напредувам. Немавме луѓе во клубот, бидејќи ММА се уште е табу тема кај нас. Па, и боречките спортови. Луѓето мислат дека е обично тепање и дека борците се ниско интелигентни, иако сигурен сум дека IQ-то ми е поголемо од тројца такви мислетели“.

Спасовски е убеден во своите квалитети и највува успеси во овие две години.

„Овој пат се подготвив. Оваа борба само е загревање, бидејќи очекувам многу поголеми успеси во овие две години. И, секој што ќе ми застане на тој пат, ќе биде елиминиран и главата ќе му ја колектирам како пехар“!

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО