Четворица каратисти ги завршија подготoвките во Аранѓеловац, Емил Павлов демонстрирал шампионска форма

Четворица македонски карате репрезентативци десет дена се подготвуваа во карате кампот во Аранѓеловац, Србија.

На подготовки беа Емил Павлов, Бојана Манева, Јована Георгиева и Вероника Костовска кои се подготвуваа со репрезентивците на Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Бугарија.

Со нив беше и олимписката победничка Јована Прековиќ од Србија, која е од Аранѓеловац , а еден од нејзините тренери по потекло е од Радовиш.

Да потсетиме дека по компот од 17 до 27 ноември 2021 година во истиот град Емил Павлов Светското првенство во Дубаи, ОАЕ, стана светски вицешампион. Тоа е најголем успех  македонското карате.

„Имав пет борби во кампот во Аранѓеловац и сите ги решив во моја корист. Во форма сум. Мислам дека и на Европското првенство во Гвадалахара, Шпанија, 25- 27 март, нема да разочарам. Очекувам медал“, изјави Емил Павлов, кој е двократен европски шампион и двапати освојуваше бронза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО