Македонските борачи освоија четири медали на Меѓународните игри за деца во Коња-Турција, што се одржуваат од 19 до 24 април.
Амар Мурати и Аид Салихаси во слободен стил освоија бронзени медали, додека во грчко-римски стил Салихаси беше посупешен и го освои сребрениот медал, а Мурати бронзениот.
Борачите на Тeфејуз од Скопје се претставија во одлично издание под водство на тренерот Назми Али и директорот на клубот Нусрет Џафери.
Назми Али доби плакета за долгодишната работа во борењето и учеството на оваа манифестација.
ipon.mk/В.Д.