Честитки од Агенцијата за млади и спорт до Георгиевски: Сребро со златен сјај!

Агенцијата за млади и спорт (АМС) му го честиташе успешниот настап и освоениот олимписки медал на македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски на Игрите во Токио.

Георгиевски (22) попладнево се закити со сребрениот медал откако по голема борба во финалето во категоријата над 80 килограми загуби од Русинот Владислав Ларин.

„Дејан Георгиевски денеска во само неколку часа ни го покажа патот до успехот, патот до извонредни резултати на ЛОИ во Токио. Решителен, концентриран и прецизен, Дејан денеска сите нè направи горди и ни покажа дека среброто е злато“, објави АМС.

Покрај Георгиевски и Ларин, на пиедесталот се искачија и „бронзените“ Алба Кастиљо од Куба и Ин Дон од Јужна Кореја, двајца од вкупно тројцата противници, кои македонскиот репрезентативец ги совлада на патот до финалето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО