Чендлер: Мек Грегор е најголемата икона во боречките спортови

Мајкл Чендлер верува дека Конор Мек Грегор е најголемата икона во боречките спортови на планетата. Поранешниот шампион во лесна категорија на Белатор доби шанса за титула во УФЦ и ќе ги одмери силите со Чарлс Оливеира.

34-годишниот Американец ќе се бори против Оливеира на УФЦ 262 на 15 мај во Тексас. Чендлер е во серија од три последователни победи со нокаутот во првата рунда, а на крајот на јануари забележа силно деби во УФЦ.

За помалку од три минути успеа да го нокаутира Дан Хукер. Мајкл заврши 17 од своите 22 победи и сонува за дуел со Мек Грегор.

„Навистина ми се допаѓа што Конор Мек Грегор сака посебен појас создаден за него. Можете да зборувате сè за него, но Мек Грегор е најголемата икона во боречките спортови. Ова не е од сега, а ќе биде така и во блиска иднина. Не мислам дека УФЦ ќе му направи посебна титула.

Ако го победи Пориер и јас станам шампион, тогаш ќе бидам подготвен за него во ноември или декември. Сакам да се борам со Мек Грегор пред да се повлечам од ММА. Ќе видиме што ќе се случи откако ќе го победам Оливеира. Ќе видиме колку борби ќе ми требаат за да стигнам до Мек Грегор“, изјави искусниот ветеран за големата ѕвезда на УФЦ.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО