Чендлер го победи Бенсон Хендерсон и ја одбрани титулата на Белатор (ВИДЕО)

majkl-cendler-benson-henderson

Бенсон Хендерсон во својата трета пресметка во Белатор втор пат се бореше за титулата.

Откако не успеа против Андреј Корешков во нападот на појасот во велтер категорија, поранешниот шампион на УФЦ беше поразен во многу интересна борба и од шампионот во лесна категорија Мајкл Чендлер.

Чендлер славеше со поделена одлука на судиите по 5 рунди и прв пат ја одбрани титулата во своето второ владеење во категоријата. 30-годишниот шампион одлично го отвори мечот со неколку силни удари со десницата, пред да изведе фантастичен суплекс, но Хендерсон е познат како многу издржливи борец и средбата ја направи неизвесна до самиот крај.

https://youtu.be/ODiSGC5bMe0

Мајкл Пејџ стигна и до 12 победа во кариерата без пораз, но против Фернандо Гонзалез победи тесно, со поделена одлука на судиите.

https://youtu.be/0z-goVZN30U

На настанот во Сан Хозе професионалното деби го направи синот на починатиот Кимбо Слајс, Кевин Фергусон Јуниор. Поразен е со гилотина во втората рунда од Арон Луис Хамилтон.

https://youtu.be/8jiUE_st4_A

Англичанецот Линтон Васел со убедлива одлука на судииитеа го победи Французинот Франсоа Кармонт.

Белатор 165:

Мајкл Чендлер – Бенсон Хендерсон (поделена одлука на судиите, 48-46, 46-48, 48-47)

Мајкл Пејџ – Фернандо Гонзалез (поделена одлука на судиите, 29-28, 27-30, 29-28)

Адам Пиколоти – Брендон Гирц (едногласна одлука, 29-28, 29-28, 29-28)

Кери-Ен Тејлор-Мелендез – Шила Падила (КО, Р1)

Линтон Васел – Френсис Кармонт (едногласна одлука, 30-26, 30-26, 30-25)

Арон Хамилтон – Кевин Фергусон Јуниор (сабмишн, гилотина, Р2)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО