Чендлер: Добив официјална потврда! Летово излегувам против Мек Грегор

Мајкл Чендлер доби официјална потврда за борбата со Конор Мек Грегор. Американецот се подготвува за борбата која треба да се одржи летово.

Борбата на Мек Грегор со Чендлер се уште не е официјално објавена. Ирецот пред извесно време најави дека борбата ќе се одржи во јуни и ќе се одржи во средна категорија. Неодамна отворено кажа дека добил потврда од УФЦ дека борбата ќе се одржи летово. Мајкл Чендлер ја откри истата информација за ТМЗ спорт.

Чендлер исто така додаде дека се уште не е одредена категоријата во која ќе ги одмерат силите со Ирецот.

„Добив официјална потврда. Борбата ќе се одржи налето. Не можам да ви кажам точен датум, но ќе биде лето.

Јас против Конор. Тоа траеше една година. Го снимивме Ултимејт фајтер. Тој работи на Роуд хаус и прави други работи надвор од кафезот, но тој ден е се поблиску. Ова лето. Подготвен сум“, изјави Чендлер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Michael Chandler (@mikechandlermma)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО