Ник Дијаз се подготвува за враќање

Ник Дијаз ги искушува фановите со враќање во октагонот на УФЦ.

Пред извесно време искусната ММА легенда ја повика организацијата на уште една борба. Ник Дијаз се врати во кафезот на УФЦ по долга пауза од борбите во септември 2021 година. Загуби со TKO од Роби Лоулер, кој оттогаш се повлече од спортот. Сепак, 40-годишниот Дијаз нема намера да ја заврши кариерата и сака да продолжи да се бори.

Тој на својот Инстаграм профил објави елоквентна објава која навестува уште една борба.

„Наскоро некој ќе плати за се“, напиша Дијаз на социјалните мрежи.

Во минатото, Ник беше шампион на Страјкфорс ФЦ и Елите ХЦ. Од 2012 година се бореше 4 пати и неговиот скор е 0-3, 1 без одлука. Не се знае кој ќе биде следниот противник на легендарниот Дијаз. Неговата последна победа беше во октомври 2011 година кога со одлука го победи Би Џеј Пен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО