Чарлс Оливеира не е заинтересиран за понудата на Нејт Дијаз за меч меѓу нив.
Ова го изјави тренерот на Бразилецот Диего Лима. Американецот минатата недела изјави дека се надева оти ќе се врати за средба со Оливеира или Дастин Пориер, но „Бронкс“ не изгледа не е заинтересиран.
31-годишниот Оливеира е во серија од 8 последователни победи во УФЦ и е меѓу претендентите за мечот за титулата во лесна категорија. Јужноамериканецот последен пат го победи Тони Фергусон на крајот на минатата година, а пред извесно време стана познато дека Оливеира одби да се соочи со Мајкл Чендлер на УФЦ 258.
„Мечот против Нејт нема никаква смисла за нас“, рече Лима.
„Тој е неактивен и не е во топ 15. Чарлс би се сретнал со него само за добри пари. Но, дури и тоа нема да биде логичен избор.
„Нејт Дијаз не е на нивото на Мек Грегор. Никој не продава како Конор. И нашата цел е титулата. Ништо друго не не интересира во овој момент. Борбата против Нејт Дијаз нема да биде корисна за кариерата на Чарлс, дури и ако е финансиски безбеден“, заклучи тренерот на Оливеира.