Херн вели дека Вајлдер ја изгубил врската со реалноста

Бронзениот бомбардер остана без светската титула во ВБЦ пред скоро една година. Во седмата рунда од боксерскиот спектакл Дионтеј Вајлдер загуби со прекин против Тајсон Фјури. Имено, тренерот на американскиот боксер Марк Бреланд фрли крпа во рингот.

На Вајлдер не му се допадна тоа, па по мечот го обвини тренерот дека му работи зад грб и дека ставил нешто во водата, жалејќи се на тешкиот костум што го носеше на рингот, повредата што не ја санираше, лошото судење, а и ракавиците на Фјури беа проблем.

Еди Херн, сопственик на Мечрум бокс, е загрижен за здравјето на Вајлдер.

„Па, тој целосно го изгубил врската со реалноста, остана без здрав разум. Зборувајќи во трето лице и нарекувајќи се крал, па за што зборува? Тој не е крал, тој беше претепан“, рече Еди Херн и додаде:

„Можеше да стане крал, но сега не е во право“.

Славниот промотор смета дека местото на Вајлдер е меѓу најдобрите, но тој не го сака начинот на кој размислува.

„Сакам повторно да го видам во рингот, би било добро за боксот. И Енди Руиз треба да се врати. Чарлс Мартин е добар противник за Дионтеј. Џошуа го загзи за две рунди, но Чарлс знае како да се бори, тој може да го победи Вајлдер“, тврди Еди Херн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО