Чарлс Оливеира и Дастин Пориер наскоро се враќаат во акција

Претседателот на УФЦ, Дaна Вајт, најави две нови интересни борби кои се договорени за претстојните настани.

На настанот УФЦ 299 што ќе се одржи во Мајами на 9 март, Дастин Пориер ќе се врати во октагонот во меч против Беноит Сен Денис.

Настанот во Касеја центарот треба да биде предводен од пресметка во бантам меѓу шампионот Шон О’Мели и Марлон Вера, додека Пориер и Сен-Денис би можеле да се појават во коглавната борба.

Дастин во последниот меч загуби со нокаут против Џастин Гејџи, додека Беноа има пет победи во низа. Во последната борба го победи Мет Фревола со нокаут во првата рунда.

Промоцијата, исто така, организира борба помеѓу Чарлс Оливеира и Арман Царукијан на настанот УФЦ 300 што ќе се одржи на 13 април во арената Т-Мобиле во Лас Вегас.

И двајцата ја имаа последната борба против Бенеил Дариуш и беа многу убедливи. Оливеира и Царукјан со нокаут во првата рунда го совладаа Американецот.

Мечот Јиржи Прохаска – Александар Ракиќ, Калвин Катар – Алџамејн Стерлинг и Бо Никал – Коди Брундаж веќе се објавени за тој настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО