Чагаев ќе ја брани титулата против Панета! (ВИДЕО)

Ruslan Cahaev

Руслан Чагаев (Узбекистан) ќе има редовна одбрана на титулата на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во тешка категорија против 13-тиот на ранглистата на организацијата Франческо Панета (Италија). Средбата ќе се одржи на 11 јули во Магдебург (Германија).

Оваа информација двајцата боксери официјално ќе ја соопштат дене на прес-конференција, на која ќе бидат откриени деталите околу средбата.

Чагаев последната одбрана ја имаше против Њујорк Оквендо во контроверзен меч кој се одржа во Чеченија. Узбекистанцот има 33 победи (20 со нокаут), 2 порази и 1 нерешена борба. Панета е со само еден пораз во кариерата, и тоа од Владимир Кличко. Тој има 31 победа (17 со нокаут) и 1 нерешен резултат.

https://youtu.be/FHg-P0y4F-U

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО