АктуелноМеѓународна сценаММА

Царукјан: Дајте ми го Топурија! Тој е добар боксер, но се бориме во ММА

Вториот на ранг-листата на УФЦ во лесна категорија, Арман Царукјан, изјави дека раководството на УФЦ е должно да му ја даде следната борба со непоразениот шампион во категоријата до 70 кг, шпанско-грузискиот борец Илија Топурија.

„УФЦ треба да ми даде борба со Илија, бидејќи јас сум иден шампион, ова е мојот појас. Илија има една карактеристична вештина – бокс. Но, не се бориме според правилата на боксот. Ова е MMA.

И дури и во техниката на удари сум подобар од Топурија. Моите удари со нога, лакти и колена секогаш функционираат. Едвај чекам да им покажам на сите какво е моето ниво“,  изјави Царукјан за Ред корнер ММА на социјалната мрежа X.

Фотографија: Скриншот Јутјуб

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON