Бутел најдобар клуб на „Астерикс опен“ во Ниш, а Филип Стаменов најдобар кадет (ФОТО)

Butel na Asteriks open 2016

Tаеквондо клубот Бутел е најдобар во А класа на Меѓународниот турнир „Астерикс опен“ во Ниш-Србија, бидејќи беше најдобар и во сениорска и во јуниорска конкуренција со 11 медали – 7 златни и 4 бронзени, сите во А класа, а Филип Стаменов е прогласен за најдобар кадет.

Упехот е остварен во конкуренција на 50 клубови од Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Грција, Црна Гора и Македонија.

Butel na Asteriks open Drako so pehari 2016

Сениори: Костадин Ѓеоргиевски (– 74 кг, сениори, три победи) и Марко Стевиќ (апсолутна, две победи) златни медали

Јуниори: Дејан Георгиевски (апсолутна, две победи), Ана Марија Георгиевска (-55 кг, три победи) и Ања Русовска (-59 кг, три победи) златни медали.

Кадети: Филип Стаменов (три победи) и Марко Аврамовски (три победи) златни медали. Пионери: Дамјан Раевски (три победи) златен медал, Иван Крстевски, Филип Додевски, Ненад Мрчковски  иФросина Раевска бронзени медали.

Asteriks open 2016

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО