Бутел е најуспешен клуб на Меѓународниот таеквондо турнир „Корио опен 2023“, пред Младост и Корио

Вчера во Скопје се одржа Меѓународниот таеквондо турнир „Корио опен 2023“, а најдобар во вкупниот пласман беше Таеквнодо клубот Бутел со 142 поени, втор е Младост 102, трет е Корио 68, па следат  Кобра 54 и Те- Макс 46 бодови.

Останатите пласмани во прилог.

На турнирот во организација на ТК Корио и МТФ учестуваа 300 учесници од државава и регионот.

Турнирот го отворија градоначалниците Орце Ѓеоргиевски (Кисела Вода) и Дарко Костовски (Бутел).

Претседателот на Македонската таеквондо федерцаија д-р Борче Костовски истакна дека македонското олимписко таеквондо ќе продолжи да биде носечки спорт во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО