Бучим на подготовки во Стар Дојран со најмладите

Bucim na podgotovki vo Dojran

Борачите на Бучим од Радовиш од 13 до 23 јули се на подготовки во Стар Дојран, пионерите и кадетите кои освоиле медали на изборните и државните првенства.

„Се работи на техника во стоење, крос, спортски игри и пливање. Но, целта на овие подготовки е младите борачи што повеке да ги навлечеме во борењето и постепено да створиме една нова, млада, генерација на борачи во БК Бучим“, вели тренерот Тони Танчев.

Тој истакнува дека потоа подоготовките ќе продолжат во спортска сала во Радовиш, каде што ќе се работи само техника.

„Планиранои е секој викенд децата да се носат на Плачковица, се до поцетокот на школската година“, посочува Танчев.

За активностите на младите борачи, според Танчев, придонесуваат генералниот спонзор, Општина Радовиш и градоначалникот Сашко Николов и рудникот Бучим, однонсо директорот Николајчо Николов.

„Без нивна помош тешко ќе функционира клубот“, тврди тренерот на Бучим.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО