Вајлдер повторно го обвини Поветкин за користење на допинг средства!

deontay-wilder-stiverne

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБЦ, Дионтеј Вајлдер (29) продолжува да тврди дека предизвикувачот за титулата, Русинот Александар Поветкин, користи допинг средства.

„Лично познавам луѓе кои се од неговиот тренинг камп и кои ми кажаа дека тој зема допинг средства. Кога велам дека тој зема забранети супстанции, тоа не е само мое мислење. Кога различни луѓе ќе го кажат истото, значи, во тоа има некоја вистина. Многу боксери ги подобруваат своите вештини со земање на стероиди, но не ги фаќаат. Многу би сакал да го проверат дома со изненадувачки допинг тест. Има такви професионалци кои не се корумпирани“.

Пред некое време тренерот на Поветкин, Иван Крипа, категорично ги негираше сите обвиненија за користење на допинг од страна на неговиот боксер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО