„ГЛАСАМ ЗА“-ЕЛВИР КУРТАНОВИЌ: Голема придобивка за македонскиот спорт!

Elvir-Kurtanovic

Откако каратето влезе во најтесна конкуренција за иден спорт на Олимписките игри 2020 во Токио, Јапонија, почна да се организира гласање во светот меѓу љубителите на спортот кој спорт сакаат да се најде на Олимпијадата. IPON.MK ја почнува акцијата „ГЛАСАМ ЗА“.

Акцијата ја продолжуваме со освојувачот на првиот медал во независна Македонија, европскиот младински шампион од Кардиф, Велс, во 1993 година, ЕЛВИР КУРТАНОВИЌ.

„Гласам „ЗА“, големите очекувања дека и каратистите ќе ја добијат можноста да се натпреваруваат на Олимписките игри e приказна која датира од времето кога јас почнав да се занимавам со карате, пред 32 години, и до ден-денес тоа е сон на сите каратисти. Каратето уште не е олимписки спорт. Ако се прашуваме зошто, одговорот треба да го бараме некаде во нас. Каратето е спорт со вековна традиција, со најголемо членство од сите други боречки спортови во светот, со распространетост низ целиот свет. Ова се само мал број од вредности и услови кои Меѓународниот олимписки комитет (МОК) ги има во предвид  на каратето, како спортска дисциплина, да му овозможи пристапување кон семејството на олимписки спортови. 

Елвир Куртановиќ - шампион на Европа 1993 год. и тренерот Јован Лазарев
Елвир Куртановиќ – шампион на Европа 1993 год. и тренерот Јован Лазарев

Токио во 2020 година е домаќин на Олимписките игри, кој е лулка на карате спортот. Големи се надежта и очекувањата за сите каратисти, конечното каратето да биде во семејството на олимписките спортови. Учеството на каратето на Европските олимписки игри, како и приемот на каратето на Параолимписки игри, се добри показатели дека Токио 2020 година ќе биде година на карате спортот. Учеството на каратето во Олимписки игри ќе биде голем исчекор во светот.

Што се однесува до тоа, што  добива македонскиот спорт од влезот на каратето на Олимпијада, можам да додадам и потврдам дека тоа ќе биде голема придобивка и можност не само за македонските каратисти, туку и за македонскиот спорт воопшто“.

Гласајте за каратето на Олимпсиките игри 2020 тука http://community.ispo.com/welche-sportart-sollte-2020-olympisch-werden/view-poll/9d07e51b81dea6eefe218a6e2d4a9972

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО