Буакав и тајландските ѕвезди пристигнуваат во Европа

Букав Банчамек пристигнува во Европа ова лето.

Двојкратниот добитник на К-1 МАКС во придружба на врвни мај тај борци ќе настапат на 6 јули на Ол стар фајт во Прага.

Ѕвездата на настанот, 36-годишниот Букав, ќе се бори против Михаел Крчмар со тежина од 70 килограми.

Неговиот борец и еден од најдобрите на тежина до 70 килограми, Супербон, силите ќе ги одмери со Германецот Фабијан Хунд.

Поранешниот шампион на Лумпини и борец на Глори Тонгчаи Ситсонгпеенонг се враќа во мај тај борба со Словакот Владимир Моравчик до 77,5 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО