Стефан Штерјов ќе се бори за бронзениот медал на Европското првенство во Унгарија

Стефан Штерјов (-41 кг) стигна до полуфиналето на Европското првенство за пионери во Ѓер,Унгарија, откако во осминафиналето го совлада Латвиецот Александрс Сникоренко 6-0 и во 1/4 финалето Себастија Индицки од Полска со технички туш 10-0. Во полуфиналето е поразен од Николози Сантеладѕе од Грузија со 0-10.

Штерјов за брозениот медал ќе се бори со Павел Доменте од Ерменија.

Реџеп Поцеста (48 кг) 1/8 финалето се среќава со Мушег Мрктчјан од Ерменија, додека Дарио Димитров (52 кг) е поразен од Ерменецот Абраханјан Хајкпочнува од квалификации со 0-4.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО