Брутална тепачка во октагон! Погледнете како изгледа борба 5 против 5 (ВИДЕО)

Полска го продолжува трендот на организирање уникатни настани за боречки вештини за уште повеќе да ја искористи популарноста на ММА спортовите.

Имено, Вор промоцијата организираше настан на кој се бореа екипи, пет против пет! Деновиве на социјалните мрежи беше објавено видео од една таква тепачка, која беше – брутална.

Во кафезот има десет борци, по пет во секој тим и тројца судии, кои треба да ја контролираат толпата кога звукот на сирената го означува почетокот на судирот. И во тој хаос ретко кој можеше да ја контролира ситуацијата на бојното поле.

Многу обожаватели на ММА се згрозени од она што го гледаат за време на борбата. Еден борец изгубил свест по нокаут, а противникот продолжил да го удира во глава.

Судијата со големо задоцнување забележал што се случува пред да скокне меѓу нив и да стави крај на агонијата на борецот кој лежел неподвижен на подот.

Многумина го осудија организирањето на вакви настани, бидејќи очигледно е важно секој пред се да заработи, а не да се грижи за здравјето на борците.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО