Претседателот Стево Пендаровски отиде во Штип да му го честита успехот Емил Павлов (ФОТО)

Денеска претседателот на Стево Пендаровски допатува во Штип за лично да му го честита успехот на светскиот вицешампион Емил Павлов, но и на останатите каратисти на КК Штип.

Претседателот Пендаровски ги посети каратистите на КК Штип на тренингот во спортската сала „Јордан Мијалков, при што имаше подолг разговор со светскиот вицешампион Емил Павлов и неговите тренери Сашко и Жарко Арсовски, како и со останатите каратисти кои во изминатите години остварија големи спортски резултати.

Каратистите на „Штип“ му се заблагодарија на Пендаровски што лично им ги честита големите спортски резултати, при што ветија дека ќе продолжат и натаму да работат напорно и да постигнат и уште поголеми успеси во спортот.

„Посетата на претседателот Пендаровски во Штип за да ни ги честита успесите, претставува голем гест за сите нас, а тоа ќе не поттикне и натаму да продолжиме со успешната работа за афирмација на нашата држава“, изјави Емил Павлов за Штипски асови.

Каратистите на КК Штип демонстрираа пред претседателот на државата карате вештини од кои беше импресиониран.

Фото: Кирил Манев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО