Бруно Естима се сопна на допинг тестот

braulio-estima-win

Повеќекратниот шампион во бразилско џиу – џитцу и граплинг, Браулио Естима е отстранет две години од МБЏЏФ (IBJJF) федерацијата, откако имал позитивен допинг тест за ДМАА. Освен тоа, одземена му  титулата во полутешка категорија од Светскиот шампионат на МБЏЏФ во 2014 година.

 Тестот е направен од Допинг агенција на САД, која се уште не дала официјална изјава. МБЏЏФ исто така се без информации за овој случај, па така, Естима прв се огласи за неговиот случај.

 Според него, забранетото средство било во пијалокот, што ја земал од друг натпреварувач за време на тренингот по завршувањето на настанот. „Проблемот е што не знаев што има во овој пијалок. Ако знаев, можев да го избегнам тоа.За мене, ситуацијата е шокантна, бидејќи никогаш не сум користел забранети супстанци, а зошто да ги користам токму на Светското? Првично, мислев дека резултатот е позитивен поради еден спреј за нос, којго користев пред натпрреварот, но се покажа дека не е од него. Потоа се сетив дека славев со момчињата и пиев неколку енергетски пијалоци. Тогаш знаев дека нема да се натпреварувам, тоа не требаше да е проблем“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО