Бронзa за Стефан Стојановиќ од Макпетрол на Гранд при Кроација

Стефан Стојановиќ (-76 кг)од Макпетрол освои бронзен медал во јуниорска конкуренција на силниот Меѓународен турнир Гранд при Кроација во Самобор – Хрватска.

Најинтересните борби се во тек, односно во сениорска конкуренција – отворена категорија која е со награден фонд од 2.000 евра, а која минатата година ја освои светскиот првак Иван Квесиќ.

На турнирот се пријавени 1705 натпреварувачи со 1977 пријави за натпреварување од  22 држави, односно од 273 клуба во сите категории – возрасни и натреварувачки.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО