Бразилскиот ветеран го раскрвави Иванов, но победи Бугаринот (ВИДЕО)
Бугарската ММА ѕвезда Благој Иванов – Багата ја забележа 16-тата победа во својата професионална кариера. Ноќва со судиска одлука (29-28, 29-28, 29-27) извојува победа над Бразилецот Кајо Аленкар во меч кој беше дел од програмата на 27-от хуманитарен настан „Битка за децата“ во Вашингтон.
Средбата меѓу Иванов и Аленкар траеше три рунди од 5 минути, при што 38-годишниот Бразилец жестоко се бореше. Тој ги издржа силните удари на Бугарниот, иако неколку пати беше сериозно стресен, а на крајот од втората рунда гонгот го спаси.
https://twitter.com/ProFightLeague/status/926283205606592512?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D692344
Бразилецот беше во тешка ситуација и во последните секунди од третата рунда кога беше погоден со канонада на удари. Тој беше убеден дека победил, но судиите едногласно ја доделија победата на Благоја Иванов.
https://twitter.com/Gladiatorbokido/status/926290618841812993?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D692344
Аленкар кој имаше само една пораз пред оваа борба.
https://twitter.com/ProFightLeague/status/926283149021151232?ref_src=twsrc%5Etfw&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.sportal.bg%2Fnews.php%3Fnews%3D692344
За Иванов е 16 победа и воо моментов е шампион во тешка категорија на Лигата на професионални борци (ПФЛ) и веќе има направено три успешни одбрани на титулата, а последната беше во март, кога го нокуатира Севон Џордан – Дивака во првиот круг.
https://twitter.com/ProFightLeague/status/926273945145413633
.




