Братот на Крис Јубенк се удави

Привремениот шампион на ВБА во средна категорија Крис Јубенк јуниор го загуби својот брат Себастијан, кој исто така беше професионален боксер.

Непосредно пред неговиот 30-ти роденден Себастијан е пронајден удавен во Дубаи, каде што живееше. Во последните неколку години тренираше и подготвуваше здрави диети, како и алтернативни терапии. Јубенк стана татко за прв пат пред само еден месец.

„Цел ден плачам. Жал ми е што не бев таму за да го заштитам твојот грб, како што треба да прави постар брат“, напиша Крис Јубенк на Твитер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО