Браќата Кличко за Богојавление се капеа во ледените води на Дњепар!

262

klicko po krst

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија, Владимир Кличко и неговиот постар брат Виталиј – поранешен светски шампион во тешка категорија, кој е актуелен градоначалник на Киев, учествуваа во Денот на крштевањето-Водици.

Традиционално на овој празник е прифатено да се искапеш во ладна вода (кај нас се скока по крстот). Браќата Кличко го направија стариот православен обред во ледените води на Дњепар во реонот на островот Труханов, заедно со дваесетина жители на Киев, меѓу кои имаше и една претставничка на поуабвиот пол, облечена во оскуден костим за капење.