Во светот на ММА познато е дека проблемите секогаш ги наоѓаат браќата Дијаз.
Токму тоа е она што се случи во Орландо во пресрет на настанот УФЦ на Фокс 17, на кој Нејт се бори против Мајкл Џонсон.
Помладиот Дијаз се враќа на окатгонот по една година, додека Џонсон по поразот со поделена одлука на судиите од Бенеил Дариуш во август ја прекина низата од четири победи.
Двојката се сретна во хотелот и откако размениле по неколку зборови, Џонсон му пришол на Дијаз да му соопшти уште нешто, а овој го турнал и му го покажал средниот прст. Ник Дијаз стоел многу блиску, за секој случај, ако ситуацијата ескалира.
Последниот инцидент со браќата Дијаз се случи на ВСОФ настанот во август во Лас Вегас. Тогаш физички се пресметаа со Хабиб Нурмагомедов и неговата придружба.
https://youtu.be/sbe2S9F057g
.