Борче Костовски: Целта е да се стигне до борба за медал на ЕП! Јавноста нека ги запамти имињата на овие момчиња!

Шетсмина репрезентативци на Македонија отпатуваа на Европско јуниорско првенство во олимписко таеквондо кое се одржува во Талин, Естонија, од 24 до 26 август.

За Талин отпатуваа:

Дамјан Рајковски -48 кг
Андреј Василевски -55 кг
Христијан Симоновски -59 кг
Филип Блажевски -63 кг
Лука Ангелов -68 кг
Дарко Георгиев -73 кг

„Тоа е една млада јуниорска екипа, најголем дел се прва година јуниори, која, пред се, ветува борба на топлите татами. Во тоа сум сигурен“, вели селекторот Борче Костовски и додава:

„Сигурен сум дека секој од нив е на врвно ниво на подготвенсот, како никогаш предходно“.

Селекторот Костовски истакнува дека целта е да се стигне до борба за медал, а останатото е со Господ напред.

„Спортската јавност нека ги запамти имињата на овие момчиња! Уште сега да го најавам тоа!“, потенцира селекторот Костовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО