Борбена карта за УФЦ Фајт најт: Махачев – Грин

Овој викенд УФЦ ќе одржи уште една гала вечер во својот институт во Лас Вегас. Во главната битка ќе се борат Ислам Махачев и Боби Грин во категоријата до 73 килограми. Махачев требаше да се бори со Бенеил Дариуш во битката за номинирање на кандидат за титулата во лесна категорија.

За жал, Дариуш ја скрши ногата, па Грин прифати известување од 10 дена. Ова ќе биде втора битка за него во последните 2 недели. Претходно овој месец Боби се справи со Насрат Хакпараст.

Во коглавната битка во средна категорија Миша Циркунов ќе ги одмери силите со Велингтон Турман.

Ова е целосната борбена картичка за овој викенд:

Главна карта
Ислам Махачев – Боби Грин
Миша Циркунов – Велингтон Турман
Џи Јеон Ким – Присила Качоеира
Арман Царукјан – Џоел Алварез
Армен Петросјан – Грегори Родригес

Прелиминарни
Жу Ронг – Игнасио Бахамондес
Теренс Мекини – Фарес Зиам
Џин Ју Фреј – Хана Голди
Алехандро Перез – Џонатан Мартинез
Рамиз Брахимај – Мајкл Гилмор
Виктор Алтамирано – Карлос Ернандез
Џосијан Нунес – Рамона Пасквал

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО