Монсон и Емелијаненко се соочија пред бокс мечот со голи раце

ММА ветераните Џеф Монсон и Александар Емелијаненко се соочија пред нивната борба. Тие ќе боксираат во среда на гала вечер што ќе се одржи во Москва. Нивната битка ќе биде реванш под закрила на организацијата Хардкор ФЦ.

Во минатото видовме битка меѓу Емелијаненко и Монсон. Тие се бореа во 2012 година во Русија во ММА борба. Тогаш Џеф победи со завршница во втората рунда. Сега Александар ќе се обиде да му се реваншира.

Монсон има скор од 61-26-1 во ММА, а последен пат, пред шест години, со завршница го победи Кардо. Џеф предвреме ги заврши 41 од неговите мечеви, од кои 36 беа со принуда. Во кариерата загуби 10 пати со нокаут и има само 5 победи со нокаут.

Александар има скор од 28-9-1 во ММА и победи на 25со завршница, а 9 од неговите порази се со прекин. Има 20 победи со нокаут. Емелијаненко последен пат загуби со завршница од Марсио Сантос на крајот на ноември 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО