Борбата меѓу Фјури и Усик на 29 април доведена во прашање: Им се извинуваме на навивачите!

Тимот на Усик смета дека нивниот борец не бил третиран достојно за меч во кој ќе се обединат шампионските титули во тешка категорија и дека Тајсон Фјури ги влече сите конци.

Украинецот Александар Усик во борбата за апсолутен светски шампион на маса би ги ставил појасите на ИБФ, ВБО и ВБА, а ВБЦ појасот би го донел Тајсон Фјури. Победникот би ги освоил сите титули за прв пат по Ленокс Луис.

За време на преговорите работата запнуваше, а беше направен пробив кога Усик прифати поделба на хонорарот од 70-30 во корист на Фјури.

Џипси Кинг и британскиот промотер Френк Ворен беа убедени дека борбата ќе се одржи на 29 април на стадионот Вембли, а Фјури почна да тренира.

Менаџерот на Усик, Егис Климас изјави дека има многу игри зад сцената, особено кога во преговорите се вклучил американскиот претставник на Фјури, Топ ранк.

„Сè се смени кога Топ ранг повеќе се вклучи. Тие сè уште се однесуваат кон Александар Усик како Дерек Чисора или Дилиен Вајт. Се однесуваат како да е обична борба на Фјури во Обединетото Кралство и се мора да биде според неговите правила“, изјави Егис Климас и најави дека ќе ангажира британски адвокат да помогне во преговорите:

„Засега чекаме, сакаме да ангажираме британски адвокат, бидејќи тие работат по британски правила. Ние сме аутсајдери, но не можеме да прифатиме се што ни фрлаат. Тоа што е премногу е премногу. Таа борба може да се случи само на 29 април или едноставно ќе биде откажана“.

А Егис Климас ја изрази својата загриженост со објава на Твитер и рече:

„Им се извинуваме на нашите навивачи“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО