Борачите на подготовките во Софија имаа контролни борби пред „Дан Колов“ (ФОТО)

Македонската репрезентација во борење од 8 март е на подоготовки во спа центарот Дијана бад во Софија, Бугарија, со шест други репрезентации, каде што ќе останат до 26 март.

По ова нашите репрезентативци ќе директно ќе заминат на силниот меѓународен турнир „Дан Колов“.

На подготовки со тренерот на репрезентацијата Лулзим Вренези се: Бобан Савев (92 кг), Елмедин Сејфулаху (61 кг), Владимир Егоров (57 кг), Фати Вејсели (61 кг) и Ријад Реџепи (65 кг). За Дан Колов ќе и се придружат Могамедгаџи Нуров (97 кг) и Халил Зубаиров (86 кг).

„Тука сме осум репрезентации и работиме по бугарска програма. Имавме осум контролни борби во секоја категоирија“, вели Лулзим Вренези.

На подготовките се борачи од У-20 до сениори.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО