Борачите на Олимпија ќе протестираат и пред АМС за правда во борењето

Борачките и борачите од БК Олимпија пред една недела протестираа на штипскиот плоштад „Слобода“ поради забраната од страна на Боречката федерација на Македонија за учество на домашните натпреварувања. Тие највуваат нов протест, но овој пат пред Агенцијата за млади и спорт. 

На протестот во Штип тренерот во БК Олимпија Кире Нисев рече: „Децата 3 години се надвор од Боречката федерација и принудени сме да ги носиме да се натпреваруваат надвор од нашата држава, значи на меѓународен план, а нивните успеси не можат да ги истакнат во сопстевната држава“.

Од овој клуб тврдат дека бесправно се исрфлени, зашто имаат и судска пресуда во која стои дека тие не се виновни за инцидентот од пред 3 години. Но, уште поважно е велат дека, никој нема право да ја ускратува можноста на децата да спортуваат и да се натпреваруваат.

Беа изнесени обвиненија за низа други неправилности во работењето на Федерацијата, за што ќе побараат вонреден инспекциски надзор.

Од друга страна, Боречката федерација тогаш рекоа дека БК „Олимпија“ никогаш не бил нивни постојан член и дека борачите можат да настапуваат за репрезентацијата, но со посебна покана.

На ова од Боречката федерација велат дека Олимпија е исклучена поради непочитување на Статутот и Правилниците.

„БК Олимпија од Штип согласно со одлуката на БФРСМ 2020 година е исклучена од членството на Федерацијата и Правилниците на нашата Федерација. БК Олимпија беше времен член на нашата Федерација и поради нивните административни пропусти на раководството не му е издадено на клубот решение за вршење на дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт. Согласно со Законот за спорт, БК Олимпија нема право да организира ни тренажен процес.“ – велат од Боречката федерација.

Од Федерацијата додаваат дека со нивните дезинформации се пренесуваат невистини меѓу членовите и нивните родители, а вината е во неспособноста на раководството на клубот кое веќе две години не разговарало за надминување на ситуацијата.

Токму ови изјави од БФРСМ ги нарекуваат паушални и неаргиментирани/ лажни и затоа на увид ја ставаат документацијата што ја имаат добиено од институциите во државата.

„Сите изјави од страна на Федерацијата по повод одржаниот простест во Штип се невистинити и имаат за цел пред јавноста да го дискредитираат и маргинализираат раководството на Олимпија со лажни изјави кои не  се подкрепени со валидна документација. Бидејки федерацијата не одговара на нашите барања со факти и аргументи, исто така и Агенцијата за млади и спорт, наредниот протест ќе се одржи токму пред АМС и тоа наскоро, за што јавноста благовремено ќе биде запознаена.

Заклучок е дека федерацијата работи нетранспарентно паушално без факти и аргументи изјавите им се дадени како од кафеана немаат  никакви документи за наведените лаги изнесени после протестот“, вели претсефателот на Олимпија Марјан Атанасов кој го оспорува легимитетот и на секретарот на Федерацијата.

ТУЖБИ И ОДЛУКИ

БФРСМ диркетно и индиректно изгуби три тужби. Едната е против дискриминација на борачките, втората е изгубена во спорот со поранешниот директор на реперезентацијата Страшо Глигоров за клевета, а кој е суспендиран од Федерацијата, а индиректната е онаа на Горан Николов од Олимпија против Ебипи Буњамин (тогашен тренер во Лирија) за инцидентот што се случи 26 јануари 2019 година во спортската сала на СУГС „Зеф Љуш Марку“ во Скопје меѓу борачи и тренери на Лирија и Олимпија. Ебипи од Основниот кривичен суд Скопје е прогласен за виновен, што е во спротивност со одлуките на Федерацијата.

За разлика од Судот, Управниот одобор (16 март 2019, одгвор на жалба) ги одбива жалбите на Гордан Николов и Кире Нисев тренери на Олимпија и Михаил Николов – борач на Олимпија, како второстепен орган во Федерација, бидејќи ја потврдуваат одлуката на Дисциплинската комисија.

УО во одговор на жалба каде што е наведено од страна на жалителите „изјавите може да ги подигнете од МВР, каде што се доставени од Кире Нисев и Гордан Николов“ оценува дека не постапиле според известувањето и е во спротивност челн 33 од Дисциплинскиот правилник, а кој е во тесна корелација со челн 31.

Иако се повикуваат на видео снимката, од наведеното произлегува дека изјавите на Николов и Нисев во МВР не се земени во обѕир.

Така, Судот има едно видување и одлука, а Дисциплинската комисија на БФРСМ друго.

Да потсетиме, тогаш Дисциплинската комисија на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) ги казни Увејс Фејзулау од Лирија 2010 и Михаил Николов од Олимпија со едногодишна забрана за настап на домашните превнства за инцидентот што се случи во Скопје на Изборното првенство во У-23 кое се одржа на 26 јануари во салата на СОУ „Зеф Љуш Марку“ во Скопје.

Тренерите на Олимпија Гордан Николов и Кире Нисев беа казнети со забрана за извршување на тренерската должност во траење од една година, додека тренерот на Лирија 2010 Африм Џелили шест месеци.

Организаторот на Изборното првенство Лирија 2010, заради лошата организација доби забрана за орагнизирање на државни и изборни првенства до крајот на 2019 година и парична казна од 500 евра. Олимпија беше казнета со 300 евра.

Засегнатите страни можеа да поднесат жалба во рок од осум дена до Управниот одбор на ФБСМ.

ЧЛЕНСТВО

Според записникот од Собранието ФБСМ (сега БФРСМ) одржано на 27 март 2014 година, Олимпија, Студеничани, „18 Август“ и ПБК Безбедност се примени за челнови на Федерацијата, без никакви додавки (привремени или штобило друго). Тоа подразбира дека се рамноправни со сите клубови во БФРСМ.

Од Агенцијата за млади и спорт и порачуваат на БФРСМ дека треба да и издаде потврда на Олимпија според Законот за спорт, бидејќи членот 7 од Правилникот за регистрација на боречките клубови е спротивен на член 11 став 3 од Законот за спорт, односно Федерацијата е должна во рок од 30 дена од уписот во Централниот регистар да достави барање до органот на државната управа надлежен за работитеод областа на спортот за издавање решение за вршење дејност спорт.

Одлуката на УО на БФРСМ од 23 јанаури 2020 е чудна и спротивна на одлуката на Собранието од 27 март 2014 година оти „БК Олимпија се исклучува од привремен член на БФРСМ“. Причина за исклучувањето е неплатена парична казна во висина од 300 евра е „сторен дисциплински прекршок согласно одлуката на Дисциплинската комисија од 12 февруари 2019 година, а потврдена со одлука на УО од 16 март 2019 година согласно член 18 од Статутот на ФБСМ и член 10 од Правилникот за регистрација на боречките клубови и нивните членови и поради непочитување на нормативните акти и одлуки“.

ОДЛУКА-ЗА-БК-ОЛИМПИЈА

За претседателот на Олимпија ова е доказ дека по жалба на Олимпија одлука донесува Управен одбор, што е недозволиво тој што ја составува Дисциплинската комисија да одлучува на одлука на истата.

„Тоа е недозволиво и сторителите мора да бидат казнети“, смета Атанасов и додава:

„Ова е уште една лага и намерна дискредитација од страна на федерацијата кон Олимпија и уште еден доказ дека работат нелегитимно.

Управен одбор не смее и не може никако да биде вторпстепена комисија која треба да одлучува по жалба од одлука на Дисциплинска комисија“.

„И после се горенаведеното заклучок е дека Федерацијата работи спротивно на закон и правилници за работа. Бараме одговорност од инволвираните во овој случај внатре во Федерацијата, во спротивно, ќе поднесеме пријава до надлежните институции. А и ја повикуваме Агенција да испрати инспекциски служби да го санкционираат овој случај“, истакнува Атанасов.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО