Фејзулау и Николов добија по едногодишна забрана за борење, како и тренерите Николов и Нисев, Џелили 6 месеци, казни за Лирија 2010 и Олимпија

Дисциплинската комисија на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ) ги казни Увејс Фејзулау од Лирија 2010 и Михаил Николов од Олимпија со едногодишна забрана за настап на домашните превнства за инцидентот што се случи во Скопје на Изборното првенство во У-23 кое се одржа на 26 јануари во салата на СОУ „Зеф Љуш Марку“ во Скопје.

И тренерите на Олимпија Гордан Николов и Кире Нисев се казнети со забрана за извршување на тренерската должност во траење од една година, додека тренерот на Лирија 2010 Африм Џелили шест месеци.

Организаторот на Изборното првенство  Лирија 2010, заради лошата организација доби забрана за орагнизирање на државни и изборни првенства до крајот на 2019 година и парична  казна од 500 евра. Олимпија е казнета со 300 евра.

Засегнатите може да поднесат жалба во рок  од осум дена до Управниот одбор на ФБСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО