Гоце Јанески ги направи завршните подготовки за „Странџа 2019“ во матичниот БК Аперкат

Утре за Софија патуваат нашите боксери учесници најубилејнот 70-ти Меѓуароден бокс турнир „Странџа 2019“ на кој ќе учествуваат 350 боксери од 42 земји, неофицијално светско првенство. Боите на Македонија ќе ги бранат Гоце Јанески и Јасин Лама.

Гоце Јанески завршните подготовки ги направи во матичниот клуб Аперкат под раководство на тренерот Мирко Ристевски – Мице, кој и ќе патува со него во Софија.

„Со Гоце работевме на техничко-тактички план. Очекувам да го избоксира зацртаното во оваа силна конкуренција, што за него ќе значи собирање на искуство за Европското првенство за У-22 во Русија. Морам да нагласам дека ова ќе му биде првата меѓународна борба по повредата во Загреб“, вели тренерот Мице.

Инаку Јанески имаше само една борба и тоа на Државното првенство во Куманово мината година против Лулзим Исмаили.

Гоце ги направил ги неопходните лекарски прегледи и се е во ред со неговата здравствена состојба.

По турнирот, а по планот на Боксерската федерцаија на Македонија (БФМ), нашите боксери кандидати за ЕП во Русија ќе одат на подготовки во една соседна земја.

Мерењето и жребувањето се во четврток, а борбите од петок до недела.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО