
Борачите на „Чаир“ се на улица откако им беа исфрлени душеците за тренирање од салата на Основното училиште „Адем Јашари“.
Салата е во надлежност на Општина Чаир и велат дека неправедно е затворена за БК Чаир!
„Клубот е гордост на спортот во општината, донесе исклучителни успеси: балкански шампиони и петто место на Европското првенство. И покрај овие достигнувања, децата и младите спортисти денес се соочуваат со отворена неправда и уништување на нивниот труд.

Овој потег претставува голем срам за локалните институции и тежок удар за иднината на спортот. Спортот треба да се поддржува и почитува – а не да се казнува поради политички причини“, велат од Чаир.
Ние апелираме што побргу борачите да се вратат во сала, а не да бидат на улица, ако се знае дека основната заложба во општеството е „децата да се тргнат од улицата“.



