Универзитетската карате репрезентација ги заврши подготовките за Европската универзијада во Варшава

Каратистите на Макпетрол, кои се во составот на македонската универзитетска карате репрезентација, засилени со каратисти од Босна и Херцеговина и клубот Цветан Димов, успешно ги завршија еднонеделните подготовки кои се одржаа во Струга.
Репрезентативците како и секоја година, подготвени ќе заминат да земат учество на претстојната Европската летна универзијада на боречки спортови која ќе се одржи во периодот од 21-26 август во Варшава, Полска.
Селекторот на македонската универзитетска карате репрезентација Бошко Заборски,го објави списокот на каратисти-ки, кои ќе ја претставуваат Македонија на оваа летна Европска универзијада на боречки спортови.
Репрезентацијатае составена од 5 (пет) македонски универзитети.

1.Рудина Алиу -55 кг Универзитет Мајка Тереза – Скопје
2.Јована Мицовска -61 кг Универзитет Св Кирил и Методиј
3.Викторија Јовановска -61 кг Универзитет Факултет за туризам – Скопје
4.Ангела Мојсовска -68 Универзитет Св Кирил и Методиј – Скопје
5.Мила Панчева -55 Универзитет Гоце Делцев – Штип
6.Петар Заборски -75 кг Универзитет Св.Климент Охридски
7.Љупче Михајлов -75 Универзитет Гоце Делцев– Штип
8.БожовиќДанило +84 кг Универзитет Св Кирил и Методија
9.Стефан Стојановиќ+84 кг Универзитет за туризам – Скопје
„На летната европска универзијада заминуваме подготвени како и секоја година. Сакам да истакнам дека македонските карате спортисти имаат голема традиција и успешност од настапите на официјалните европски универзијади и светските универзитетски првенства. Очекуваме добро претставување на македонскиот карате тим во Варшава, Полска. Во стручниот тим на тренери ќе бидат вклучени Јован Лазаров и Жарко Арсовски“, вели селекторот Бошко Заборски.
На Европскиот универзитетски шампионат во боречки спортови, ќе се натпреваруваат вкупно 1131 спортист, од 32 европски држави преставени со преку 400 универзитети, пријавени се 349 тренери, физиотерапевти, медицински лица, и тимски тренери. и тие ќе се натпреваруваат во четири боречки спортови: карате, џудо, таеквондо и кик бокс.



