Од 9 до 12 мај во Истанбул се одржува светскиот олимписки квалификациски турнир во борење на кој ќе настапат шестмина македонски репрезентативци.
Боите на Македонија ќе ги бранат:
Жени
53 кг Вероника Рјабоволова
Мажи
57 кг Владимир Егоров
65 кг Бесир Алили
74 кг Расул Шапиев
86 кг Ахмат Могамедов
97 кг Магомедгаџи Нуров
На светските квалификации норма за Олимпијадата во Париз ќе обезбедат финалистите, а третопласираните ќе се преборуват и победникот, фактички единствениот трет ќе оди на ОИ.
Селекторот на репрезентацијата Бобан Данов вели дека сега се е средено и ги нема проблемите како на европските квалификации во Баку, Азербејџан, кога парите за учество на турнирот беа уплатени во последен момент, односно по неговата рекација во медиумите.
Данов вели дека Федерацијата ги платила потребните средства за настапот на нашите борачи.
„Во екипата владее позитивна атмосфера. Овој пат нема никакви пречки. Федерацијата ги покри трошоците и екипата ќе биде во полн состав, од тренер до борач и селектор. Во Истанбул ќе настапи и Бесир Алили“, вели Данов и додава:
„Во Азарбејџан нормата ни избега за 1 поен. Тогаш Егоров изгуби во полуфиналето од домашниот борач со 4-3. Се надеваме на висок пласман и барем една карта за Париз“.
Да потсетиме, Владимир Егоров бешена чекор да обезбеди олмписка норма на Европскиот олимписки квалификациски турнир во Баку, во полуфиналето загуби минимлано од репрезентативецот на Азербејџан Алијаббас Рзазде 3-4.
Во Баку само финалистите обезбедуваа пласман на Олимписките игри во Париз.