Канело објави кога ќе го нокаутира Мунгуија

Сол Алварез (60-2-2) го делат само неколку дена од враќањето во боксерскиот ринг за да ја заложи неприкосновена титула во суперсредна категорија против Хајме Мунгуја (43-0). Светската боксерска суперѕвезда, пак, изјави дека планира да го нокаутира предизвикувачот во само 8 рунди.

„Победата со нокаут е секогаш прекрасна, нели? Па планирам да го нокаутирам пред осмата рунда. Не ми е гајле дали Мунгуја е млад или стар. Нему не му е грижа бидејќи Канело е поинаков“, изјави 33-годишниот шампион за Бокс сцена.

Галата во Лас Вегас е закажана за ноќта меѓу 4 и 5 мај со почеток во 04:00 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО